Tips & Tricks: нега на накит
Tips & Tricks: нега на накит Со правилна нега, вашиот накит ќе го задржи сјајот со години. Нашите парчиња се изработени од не’рѓосувачки челик со...
Tips & Tricks: нега на накит
Со правилна нега, вашиот накит ќе го задржи сјајот со години. Нашите парчиња се изработени од не’рѓосувачки челик со позлатена завршница, а дел од моделите се во сребрена боја. Челикот е издржлив и отпорен на корозија, но завршницата е тенок слој што најмногу го трошат триењето, влагата и хемикалиите. Еве неколку едноставни навики што прават голема разлика.
1. Последен додаток
- Ставете го накитот последен, откако ќе се дотерате – по парфемот, кремата, лакот за коса и шминката.
- Тргнете го прв, пред да се соблечете или да ја отстраните шминката.
2. Избегнувајте вода и хемикалии
- Тргнете го накитот пред туширање, пливање во базен или море и пред сауна. Хлорот и солената вода ја оштетуваат завршницата.
- Не го носете додека користите средства за чистење, белило или растворувачи.
- Избегнувајте директен контакт со парфем, креми за тело и крема за сончање – оставете ги да се впијат пред да го ставите накитот.
3. Тргнете го при активности
- Пред вежбање, спорт или физичка работа – потта и ударите го забрзуваат абењето.
- Пред спиење, за да избегнете свиткување, закачување и гребење.
4. Нежно чистење
- Користете мека крпа од микрофибер или мека четка за нежно чистење.
- По потреба, исплакнете накратко со млака вода и неколку капки благ сапун, а потоа веднаш и темелно избришете со сува мека крпа.
- Не користете паста за заби, абразивни средства, течности за чистење сребро ниту ултразвучни чистачи – можат да ја изгребат завршницата и да ги олабават цирконите.
5. Грижа за цирконите
- Цирконите бришете ги нежно со мека четка за да го вратите сјајот.
- Избегнувајте удари и закачување на облеката, за да не се олабави лежиштето на каменот.
6. Чувајте го одделно
- Чувајте го секое парче одделно, во кутијата или кесичката, за да избегнете гребнатини и заплеткување.
- Чувајте го накитот на суво место. Бањата, поради влагата, не е идеална за чување накит.
- Затворете ги копчињата на синџирчињата и нараквиците пред да ги оставите, за да не се заплеткаат.
7. Редовно чистење
- По секое носење, избришете го накитот со мека сува крпа за да ги отстраните потта и масните траги.
- Редовно чистете го накитот за да спречите насобирање нечистотии и да го зачувате сјајот.
Брз потсетник
- Последно го ставате, прво го тргате.
- Без вода, парфем и хемикалии.
- Мека крпа – без абразивни средства.
- Секое парче во своја кесичка, на суво место.
Ако и покрај правилната нега забележите проблем со вашиот накит, погледнете ја страницата Доживотна гаранција или пишете ни на info@miraz.mk.
Користиме колачиња за да го подобриме вашето искуство при купување. Со продолжување на прелистувањето се согласувате со нашата Политика за колачиња.
ПрифаќамВашата кошничка
Додадете уште 300 ден за бесплатна достава!
Нема производи во кошничката.
Променете ги критериумите за пребарување и обидете се повторно
Назад во продавницата







